Приведен 27-годишник кој украл пари од куќа во Куманово

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седумгодишник бил приведен под сонение дека украл пари од дом на улицата „Анѓа Ранковиќ“ во Куманово.

Loading...

– На 22.08.2025 во 10:00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.С.(27) од Куманово. Тој се сомничи дека од куќа на улица „Анѓа Ранковиќ“ во Куманово одзел пари, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Одземеното, како што додаваат од полицијата, било пронајдено и вратено на сопственикот, а Е.С. бил приведен во полициска станица.

– По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  5 милиони денари за чистење на депонијата во Никуштак (ФОТО)

Никола Ивановски