Ураганот Ерин беше еден од најголемите урагани некогаш регистрирани во Атлантскиот Океан. Во еден момент беше од категорија 5 со налети на ветер до 260 км/ч.
Тој создаде проблеми по должината на американскиот брег, а Европа ќе се соочи со последиците оваа недела, пишува Severe Weather.
Западна Европа, Обединетото Кралство и Ирска ќе бидат погодени од нестабилни временски услови во наредните денови, сето тоа поради остатоците од ураганот Ерин.
Топлото и пријатно време ќе биде краткотрајно, веќе во вторник обилни дождови ќе ја погодат Велика Британија.
Во средината на неделата, бурата ќе стигне до брегот на Франција и Шпанија.
Сателитските снимки открија голема циклонска структура, се очекуваат ветрови со сила на ураган.
Нестабилното време дополнително ќе биде погодено од невообичаено високо ниво на температурата на морето.
Ова е предуслов за појава на силни бури, поплави и грмотевици.
До четврток и петок, се очекува системот на Ерин, ослабен, но сè уште многу обемен, да ги погоди Франција, Германија, северна Италија и Алпите.