Руските системи за противвоздушна одбрана пресретнаа и уништија 21 украински дрон преку ноќ над неколку руски региони, вклучувајќи два дрона што беа насочени кон Москва, соопшти Министерството за одбрана на земјата.
Loading...
Според податоците на тоа министерство, од 23:00 часот по московско време до 07:00 часот утрово, пресретнати се 21 дрон, објави ТАС.
Меѓу нив, седум над Смоленската област, шест над Брјанската област, три над Орјолската област, три над Московската област, од кои два беа насочени кон Москва, како и по еден над Калушката и Тверската област, објави Танјуг.