Со настап на бројни хип-хоп изведувачи, на градскиот плоштад во Куманово вчеравечер се одржа уште едно издание на фестивалот „Тумбсток 2025“, кој е дел од манифестацијата „Кумановско културно лето“.
Овогодинешната музичка вечер понуди атрактивна неколкучасовна забава за публиката.
На сцената настапија познати изведувачи како Таско, Пајак, Лука Чомбе, Анастасија, Ziro, Yungkilla, La Mqrio, Drtraboii, Едно дете, Double G Mafia, Zaff, Togzi, Luce, Иван Ајнштајн и други.
Многубројната публика ја поздрави и градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, кој им посака на граѓаните и младите посетители незаборавна вечер и дружење со нивните омилени музички идоли.
Фестивалот „Тумбсток“ го организира Центарот за рурален развој „Бујрум“ – Куманово, со поддршка на Фондацијата за култура и спорт – Куманово и Општината.
Никола Ивановски