Неделна прогноза за Куманово: Продолжува сончево и топло време

Сподели со своите пријатели

Денеска низ Македонија ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец .

Попладне во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 8 до 17 степени, додека максималните дневни се очекува да достгнат меѓу 22 и 32 степени целзиусови.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Автомобили, автобуси и товарни возила изгореа во пожар во Куманово

Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 27 степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме променливо облачно време со слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 11 степени, додека дневниот максимум се очекува да достигне 29 степени целзиусови.

Во среда ќе имаме сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерен западен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 11 степени, а максималната дневна се очекува да се искачи до 33 степени целизусови.

Сончево и топло време ќе имаме и во четврток. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 12 до максимални 34 степени целзиусови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вандали со моторни пили уништуваат дрвја на булевар во Куманово (ВИДЕО)

 

 

Во петок ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу 14 степени, а дневниот максимум ќе достигне 35 степени целзиусови.

И во сабота ќе имаме сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ, а температурата ќе се движи од минимални 16 до максимални 36 степени целзиусови.

Недела носи исто така сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од исток и североисток. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 15 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 35 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка нападната во Бунарџик

 

Loading...

 

Слично време ќе продолжи и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски