Турција воведува целосна забрана за влез на бродови што пловат под знамето на Израел

Сподели со своите пријатели

Турција воведе забрана за влез на бродови што пловат под израелско знаме или во сопственост на Израел во турските пристаништа.

Loading...

Исто така, на бродовите што пловат под турско знаме нема да им биде дозволено да пловат кон Израел, објавија турските медиуми.

Турција, исто така, одлучи дека целиот товар наменет за Израел, вклучително и контејнерите за претовар, нема да може да се обработува во турските пристаништа.

Турските пристанишни власти почнаа да бараат писмени документи од сопствениците на бродови во кои тие изјавуваат дека нивните бродови немаат никаква врска со Израел и дека не транспортираат воена опрема во Израел, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД воведоа нови санкции за компании кои нелегално тргуваат со Иран