Полицијата им укажуваше на кумановци како да се заштитат од телефонски измами

Сподели со своите пријатели

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово во централното градско подрачје спроведоа превентивна кампања со цел подигнување на јавната свест за спречување на телефонски измами.

Loading...

 

 

Во рамки на активноста, полициските службеници во непосреден разговор со граѓаните делеа совети за препознавање и навремено реагирање при обид за измама.

– Посебен акцент беше ставен на таканаречените „лажни сообраќајни незгоди“, ситуации кога измамници се јавуваат по телефон, претставувајќи се како полициски службеници, адвокати или доктори, лажно тврдејќи дека член од семејството предизвикал сообраќајна несреќа и барајќи пари за да се избегне одговорност или затворска казна, велат од кумановската полиција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се одржа јубилејното 30. издание на „Тумба фест“ (ФОТО)

 

Loading...

 

Од СВР Куманово укажаа дека во вакви случаи граѓаните треба да останат прибрани, да не предаваат пари на непознати лица и веднаш да пријават сомнителен повик на телефонските броеви 192 и 112.

 

 

Преку ваквите активности, полицијата има за цел да ја зголеми информираноста и внимателноста на граѓаните и да ја намали можноста тие да станат жртви на кривични дела од ваков тип.

Никола Ивановски