Приведен кумановец кој се заканувал и бил агресивен кон сограѓанка

Сподели со своите пријатели

Четириесет и седумгодишен кумановец бил приведен вчера по пријава дека се однесувал агресивно и се заканувал на сограѓанка.

Loading...

– На 20.08.2025 во 10:10 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.И.(47) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал и се заканувал на Ј.Ј. од Куманово во нејзиниот дом, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против него ќе боиде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  18-годишник од Куманово приведен поради обид да украде мобилен