18-годишник од Куманово приведен поради обид да украде мобилен

Сподели со своите пријатели

Осумнаесетгодишен кумановец бил приведен вчера попладне под сомнение дека се обидел да украде мобилен телефон.

Loading...

– На 20.08.2025 во 16:10 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.А.(18) од Куманово. Тој се сомничи дека околу 15:45 часот се обидел од Ф.Ј.(33) да одземе мобилен телефон, информираат од Секторот за внатрешни работи.

И.А. бил приведен во полициска станица и, како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој се заканувал и бил агресивен кон сограѓанка