Две лица натепале кумановец поради недоразбирање во сообраќајот

Сподели со своите пријатели

Поради недоразбирање во сообраќајот две лица вчеравечер физички нападнале 22-годишник од Куманово.

Loading...

– На 20.08.2025 во 23:20 часот во СВР Куманово, Љ.Ѓ.(22) од Куманово пријавил дека околу 21:00 часот на улица „11 Ноември“ во Куманово, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, две лица физички го нападнале Љ.Ѓ. од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пронајдено 17-годишното девојче од Куманово, пријавено за исчезнато