УХМР најавува силен ветер и локално невреме

Сподели со своите пријатели

Утре времето ќе биде променливо облачно, ветровито и нестабилно со локален дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Според метео службата, ќе дува засилен, наместа силен западен ветер ( над 70км/ч.) во форма на невреме.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во текот на ноќта ќе има услови за локален дожд и грмежи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 37степени.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пронајдено 17-годишното девојче од Куманово, пријавено за исчезнато