Данска го укинува данокот на книги за да го поттикне читањето

Сподели со своите пријатели

Данска планира да го укине највисокиот данок на книги во светот во обид да ги охрабри луѓето да читаат повеќе.

Loading...

Данокот на книги во Данска е 25 проценти, а владата верува дека таквата политика придонесува за растечката „криза на читање“.

Министерот за култура Јакоб Енгел-Шмит објави дека владата ќе предложи во својот буџетски план да го укине данокот на книги, што ќе ја чини земјата 330 милиони дански круни (44 милиони евра) годишно, објавува Гардијан.

Енгел-Шмит рече дека верува оти мора да се преземат ризици за да се стави крај на кризата со читање што се шири во последните години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожари во Шпанија, илјадници луѓе евакуирани

„Неверојатно сум горд. Не се случува секој ден некој да успее да ги убеди колегите дека толку огромна сума пари треба да се инвестира во потрошувачката и културата на Данците“, рече министерот.

Другите нордиски земји исто така имаат стандардна даночна стапка од 25 проценти, но не ја применуваат за книгите.

Во Финска, ДДВ за книгите е 14 проценти, во Шведска е 6 проценти, а во Норвешка не се наплаќа.

Во 2001 година, Шведска го намали данокот на книги, што ја зголеми продажбата на книги, но, како што покажа анализата, книгите ги купуваа оние кои веќе читале.

Loading...

Енгел-Шмит рече дека целта е да се шири литературата и дека веќе се издвоени пари за зајакнување на соработката меѓу јавните библиотеки и училиштата, за да можат повеќе деца да се запознаат со добрата литература.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Болсонаро планирал да избега во Аргентина

Во Данска, која има малку повеќе од шест милиони жители, во 2023 година се продадени 8,3 милиони книги, во книжарниците и преку интернет, според податоците од националната агенција за статистика.

Најмногу се продавале детски книги, сликовници и книги со активности, а другите најпопуларни жанрови биле криминалистички романи и трилери.

Доколку мерката не доведе до пад на цените на книгите, Енгел-Шмит рече дека ќе размисли повторно дали тоа бил правилен потег.

„Секако, ќе следам како се развиваат цените. Ако се покаже дека укинувањето на ДДВ само води до зголемување на профитот на издавачите, а цените на книгите да не паднат, тогаш мора да размислиме дали тоа било исправно“, рече Енгел-Шмит.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО: Физичкото казнување на децата носи повеќекратни ризици за нивното здравје