Морнарицата на Иран ја започна својата прва воена вежба по 12-дневниот конфликт со Израел пред два месеци, лансирајќи ракети кон цели во Оманскиот Залив и Индискиот Океан, објави АП.
Вежбата „Одржлива сила 1404“ вклучува испукување крстосувачки ракети и употреба на беспилотни летала над отворено море.
Министерот за одбрана Азиз Насирзаде изјави дека иранските сили опремени со нови ракети се подготвени да одговорат на секој потенцијален напад.
Европските земји што го потпишаа нуклеарниот договор со Иран – Франција, Германија и Велика Британија – предупредија дека доколку Иран не постигне решение со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) до 31 август, сите санкции на ОН ќе бидат повторно воведени, пренесува Танјуг.
Аналитичарите истакнуваат дека ова дополнително ќе ја ослаби иранската економија.