Полска денес објави дека кренала борбени авиони за да го заштити својот воздушен простор по руските напади врз Украина, јавува Танјуг.
Loading...
„Во врска со активноста на авијацијата со долг дострел на Руската Федерација, која извршува напади на украинска територија, авиони на полските воздухопловни сили и сојузничката авијација дејствуваат во полскиот воздушен простор“, изјави Оперативната команда на полските вооружени сили, објави Ројтерс.
Руските сили извршија серија напади низ Украина во текот на ноќта, предизвикувајќи голема материјална штета и повредувајќи најмалку 12 цивили.
Нападите беа извршени во Лвов, Мукачево и Запорожје, каде што беа оштетени десетици куќи, објави Укринформ.