На американскиот воен брод USS New Orleans, закотвен во близина на јапонскиот остров Окинава, избувна пожар, со кој екипажите се бореа цели 12 часа, а двајца морнари беа полесно повредени во инцидентот.
Информацијата ја потврди 7-та флота на американската морнарица во Јапонија, пишува CNN.
Пожарот на амфибискиот транспортен брод, кој носи повеќе од 360 морнари и има капацитет за 800 војници, избувна во среда околу 16 часот по локално време.
Според соопштението од морнарицата, пожарот бил изгаснат во раните утрински часови во четврток.
Сепак, јапонската крајбрежна стража, која учествувала во гаснењето, известила дека напорите траеле до 9 часот наутро и дека истрагата за целосно гаснење на пожарот е сè уште во тек.
🚨BREAKING NEWS Fire has broke out aboard the USS New Orleans off the Okinawa coast at U.S. Naval Base White Beach. No casualties reported at this time. NHK reporting Japanese Coast Guard ships assisting to put out the fire. The 684′ Northrop Grumman LPD has a crew of 400. And… pic.twitter.com/gjabwZZBdZ
— #TheFreeHawaiian (@free_hawaiian) August 20, 2025
Двајца морнари се полесно повредени
Американската морнарица потврди дека двајца морнари се здобиле со полесни повреди и биле лекувани во медицинските установи на бродот.
Во моментот на пожарот, бродот бил закотвен во поморската база Вајт Бич, која служи како клучна точка за собирање на американските маринци и опрема пред распоредување на амфибиски бродови.
Во гаснењето на пожарот, на екипажот на бродот „УСС Њу Орлеанс“ му помогнале колегите од бродот „УСС Сан Диего“, кој исто така бил врзан во базата.
„Клучна поддршка за напорите за гаснење пожари обезбедиле Јапонската крајбрежна стража, Јапонските поморски сили за самоодбрана и други команди на американската морнарица во Окинава“, се вели во соопштението.
Снимките од јапонскиот јавен радиодифузер НХК покажале реморкери како истураат вода врз предниот дел на бродот.
Споредба со случајот од 2020 година
Аналитичарот и поранешен капетан на американската морнарица, Карл Шустер, истакна дека пожарите се постојана опасност за воените бродови поради големата количина на запалив материјал.
Инцидентот потсети на најлошиот пожар во поновата историја на американската морнарица, оној на бродот „УСС Боном Ричард“ во јули 2020 година, кој гореше повеќе од четири дена и доведе до уништување на бродот вреден милијарда долари.
Потоа, истрагата откри низа систематски неуспеси, по што Морнарицата воведе нови процедури за инспекција и обука. Шустер проценува дека штетата од овој пожар би можела да го стави бродот „Њу Орлеанс“ надвор од употреба од 60 до 120 дена.
Тој додаде дека овој настан покажува дека Морнарицата треба „да ги преиспита и подобри своите процедури за спречување на пожари и гаснење пожари“.
„Пожар од ваков обем порано беше реткост на воените бродови на Морнарицата на САД“, заклучи Шустер.
⚡ BREAKING: Fire reported on US Navy vessel off Okinawa, Japan:
The vessel is identified as the USS New Orleans (LPD-18), a large naval ship approximately 208 meters long, with a displacement of 24,433 tons. pic.twitter.com/d5beF2UNJo
— OSINT Updates (@OsintUpdates) August 20, 2025