Кумановка ќе одговара за запуштање и малтретирање на дете

Сподели со своите пријатели

Педесет и шестгодишна кумановка доби кривична пријава под сомнение дека го запуштила и малтретирала сопственото дете.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.В.(56) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавената, како што додаваат од МВР, ја злоупотребила својата родителска должност за грижа и воспитување на нејзиното малолетно дете на тој начин што нејзината малолетна ќерка ја присилила на работа што не одговора на нејзината возраст, односно ја наведувала на питачење.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Куманово продавана брендирана стока увезена нелегално, ќе одговара фирма од Тетово