Израелски воен претставник денес изјави дека раководството на вооружените сили на земјата одобрило планови за започнување нова фаза од операциите во некои од најгусто населените области на Газа.
Loading...
Службеникот, кој не сакал да биде именуван бидејќи не е овластен јавно да зборува, рече дека армијата ќе спроведе операции во делови од градот Газа.
Израелската армија сè уште не дејствувала таму, а палестинскиот Хамас е сè уште активен.
Тој рече дека во наредните месеци ќе бидат повикани 50.000 резервисти, што речиси ќе го удвои нивниот број, а потоа вкупно ќе има околу 120.000.
Не е јасно кога ќе започне операцијата, пишува агенцијата АП.