За 20 години, добил 300.000 евра социјална помош од Германија. Се испостави дека е ТВ ѕвезда!

Сподели со своите пријатели

Турскиот телевизиски водител Адил П., кој со години уживаше углед меѓу турската заедница во Германија, беше осуден за измама со социјална помош.

Loading...

Тој редовно известуваше за турскиот канал Евростар – од саемот на книгата во Франкфурт, од фризерскиот салон во Еслинген или од концертот на пејачката Демет Акалин во Дортмунд, каде што даваше интервјуа.

Тој имаше имиџ на прилично гламурозен водител, препознатлив по неговата исончана кожа, долга коса и бел костум.

Но, во исто време, тој бил регистриран во Германија како корисник на социјална помош Харц IV.

Пресуда во Штутгарт

Во четврток, во судот во Штутгарт, 59-годишниот Адил П. беше осуден на двегодишна условна казна затвор за измама.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  За време на владеењето на семејството Асад, исчезнале околу 300.000 Сиријци

Пресудата сè уште не е правосилна.

Тој беше во притвор од крајот на февруари, но за време на судењето му беше укинат притворот и сега е на слобода.

Според податоците на судот, за повеќе од две децении тој добил речиси 300 илјади евра од германската држава, иако немал право на нив бидејќи неговите приходи го надминувале пропишаниот лимит. Тој самиот го признал тоа.

Loading...

Некои од кривичните дела се застарени

Поради застарувањето, кое во Германија за измама и слични кривични дела е пет години, тој можеше да биде гонет само за износ од 80.703,35 евра.

Судот му наложи да плати еднократен износ од 10 илјади евра и дополнителни месечни плаќања.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четири регрути од швајцарската армија хоспитализирани по исцрпувачка вежба

Тој мора да посетува и психолошко советување.

Добил бенефиции откако се прогласил за неспособен за работа

Според турските медиуми, германските социјални служби му доделиле бенефиции на Адил П. откако тој изјавил дека не е способен за работа поради депресија.

Тамошните портали наведуваат дека како телевизиски водител, работејќи за каналот Евростар и преку други ангажмани поврзани со појавувања на телевизија, тој заработувал околу 270 илјади евра годишно.

Тие исто така додаваат дека со признавањето на вината избегнал затворска казна.

Сепак, непозната е состојбата со недвижниот имот на обвинетиот.

Судот наведува дека не било можно да се утврди дали Адил П. има недвижен имот, штедни или други сметки во Турција бидејќи не е утврдена соработка со турските власти.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мадуро распоредува 4,5 милиони припадници на милицијата во Венецуела

Сепак, во досиејата се појавија уплатници и парични трансфери до ќерката.

Ќерката е ослободена

Неговата ќерка беше обвинета за помагање, но беше ослободена.

Таа тврдеше дека не знаела за незаконските дејствија на нејзиниот татко – знаела дека тој работи, но не и дека во исто време нелегално прима социјална помош.

Властите ја открија измамата по анонимна дојава.

Еден клиент го пријавил затоа што, покрај работата како водител, работел и на разни работни места во маркетингот и рекламирањето.