Европските берзански индекси денес се претежно во пораст, цената на златото порасна со истовремен пад на цените на нафтата и пченицата, додека инвеститорите го анализираат текот на преговорите за Украина и шпекулираат за претстојниот симпозиум на економски експерти во Џексон Хоул, кој започнува во четврток.
Акциите на европските компании од одбранбената индустрија денес паѓаат поради навестувањата дека преговорите во Украина водат кон деескалација на конфликтот.
Акциите на германскиот производител на делови за тенкови Ренк паднаа за 3,6 проценти, на шведскиот Сааб за 3,3 проценти, а на италијанскиот гигант во одбранбената индустрија Леонардо за 2,9 проценти, објавува CNN.
Денес во 9:30 часот наутро, индексот DAX на Франкфуртската берза порасна за 0,03 проценти на 24.309,76 поени, францускиот CAC 40 за 0,15 проценти на 7.895,18 поени, московскиот MOEX за 1,54 проценти на 2.996,67 поени, додека лондонскиот FTSE 100 падна за 0,01 процент на 9.157,25 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна за 0,08 проценти на 44.911,82 поени, вредноста на индексот S&P 500 за 0,01 процент на 6.449,15 поени, додека вредноста на индексот Nasdaq се зголеми за 0,03 проценти на 21.629,77 поени.
Европските фјучерси за гас за септември беа продадени на отворањето на берзата TTF по цена од 30.820 евра за мегават-час.
Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта падна на 62.773 долари, а цената на нафтата Брент на 66.014 долари.
Цената на златото се искачи на 3.339,28 долари за унца, а цената на пченицата падна на 4,9906 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс е 1,16752 долари, што е за 0,06 проценти повисока отколку на почетокот на тргувањето.