Општина Куманово продолжува со уредување на локалната инфраструктура во повеќе населби, соопшти градоначалникот Максим Димитриевски.
Во населбата Ајдучка Чешма, во тек е бекатонирање на улица „130“, додека улица „129“ е веќе успешно завршена.
Паралелно, во населбата Бараки се врши поставување на рабници на улица „2002“, со цел создавање поуреден и побезбеден простор за движење.
Активности се изведуваат и во населбата Карпош, каде во тек е подготовка за бекатонирање на два крака од улица „40“.
– Чекор по чекор продолжуваме со подобрување на инфраструктурата во сите населби на Куманово, за подобар и поквалитетен живот на граѓаните, изјави градоначалникот Димитриевски.
Општина Куманово во меѓувреме започна и со асфалтирање на патниот правец што ги поврзува селата Вак’в и Пчиња.
Градоначалникот Максим Димитриевски претходно информира дека во тек е поставување бекатонски плочки на улица „528“ во населбата Ајдучка Чешма, позната како „Бара“.
Велосно се завршени улиците „23“ и „25“ во населбата Карпош, каде е изведено бекатонирање со цел подобрување на пристапноста, функционалноста и безбедноста.
Овие зафати се дел од пошироката програма на Општина Куманово, во рамките на која неодамна беа уредени и улиците „42“ и „43“ во Карпош, а улица „36“ е целосно завршена и пуштена во употреба.
Паралелно, на улица „25“ се поставени нови бекатонски плочки за подобрување на пристапноста и визуелниот изглед, додека во населбата Гоце Делчев се вршат подготовки за асфалтирање на паркинг простор кај објектот „Шипад“.
Во Карпош, покрај новоуредените улици „42“ и „43“, завршена е и улица „39“ со нова бекатонска површина, а слични работи се изведуваат и на улица „35“.
Никола Ивановски