Отворен шестиот меѓународен фолклорен фестивал во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово вечерва беше отворено шестото издание на традиционалниот меѓународен фолклорен фестивал, во организација на КУД „Панче Пешев“, под покровителство на Општина Куманово и Министерството за култура и туризам.

Loading...

 

 

Манифестацијата започна со дефиле на фолклорните уметници низ улиците на градот, а потоа продолжи со сценски настапи во Центарот за култура.

 

 

Loading...

Пред публиката се претставија ансамбли од Македонија (КУД „Панче Пешев“), Србија (АДЗНМ „Гусле“), Романија (ФА „Соимусиани“), Полска (ФА „Мали Горзовиаци“) и Мексико (ФГ „Хочипилтзахуац“), кои изведоа автентични ора, песни и музички аранжмани, дел од нивната богата традиција и културно наследство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата

 

 

Во присуство на бројни гости и претставници од општинската администрација, со пригоден говор се обрати претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска.

 

 

Loading...

Таа ја истакна важноста на културната размена и спојот на обичаите од различни народи, како мост што ги зближува заедниците и ја збогатува културната понуда на градот.

 

 

Фестивалот ќе продолжи и во наредните денови со богата програма и настапи на домашни и странски ансамбли.

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

Никола Ивановски