Од полноќ нови цени на горивата

Сподели со своите пријатели

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со отпад донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 1,43 проценти во споредба со претходната корекција од 11 август.

Loading...

Причина за ваквата промена е падот на референтните цени на светските берзи. Кај бензините намалувањето изнесува 0,430%, кај дизелот 1,930%, кај екстра лесното масло 1,901%, а кај мазутот 2,977%. Дополнително, курсот на денарот во однос на американскиот долар е понизок за 0,8887% во однос на пресметката од претходниот период.

Со важност од 19 август (0:01 часот), ќе важат следните највисоки малопродажни цени:

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел со 1,70 промили. Полицијата го привела.

Еуросупер БС-95 – 74,00 ден/л

Еуросупер БС-98 – 76,00 ден/л

Еуродизел БС (Д-Е V) – 67,50 ден/л

Екстра лесно масло за горење (ЕЛ-1) – 67,00 ден/л

Мазут М-1 НС – 38,643 ден/кг

Loading...

Цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 е намалена за 0,50 денари по литар, додека дизелот и екстра лесното масло се поевтини за 1 денар по литар. Кај мазутот корекцијата е 1,143 денари по килограм, со што неговата цена сега изнесува 38,643 денари за килограм.

Од Комисијата потсетуваат дека наведените износи се максимални дозволени цени, а дистрибутерите имаат право да понудат и пониски вредности за одделни горива.