Кумановец возел со 1,70 промили. Полицијата го привела.

Сподели со своите пријатели

Четириесет и осумгодишник од Куманово бил приведен викендов откако било утврдено дека управува возило под дејство на алкохол.

Loading...

– На 16.08.2025 во 23:25 часот на бул. „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Г.В.(48) од Куманово, затоа што при контрола на патниот сообраќај констатирале дека управувал патничко возило „форд“ со кумановски регистарски таблици, под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,70 промили алкохол во крвта, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР,по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Денеска дожд, па топли и сончеви денови

Никола Ивановски