Ова се најголемите гробишта во светот: Тука почиваат 6 милиони луѓе (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најголемите гробишта во светот се наоѓаат во светиот град Наџаф, Ирак и се последното почивалиште за повеќе од шест милиони луѓе.

 

 

Вади Ал-Салам (во превод „Долина на мирот“) секоја година го посетуваат милиони верници, каде се наоѓаат посмртните останки на пророците, кралските членови и научниците.

Кога ќе се погледне одозгора, лесно можете да го помешате со град, со неверојатен број гробови кои изгледаат како тесни згради.

Вади Ал-Салам зазема 13 отсто од Наџаф и зафаќа 600 хектари. Бројот на покојници закопани овде го надминува населението на земји како Норвешка, Финска, Данска, Хрватска, но и Македонија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Луѓето максимално можат да живеат до 115 години

Нивниот број постојано расте, бидејќи во земјава со децении се случуваат разни конфликти.

Во екот на војната во Ирак, која траеше од 2003 до 2011 година, на гробиштата дневно беа погребувани 250 луѓе.

За да се задоволи зголемената побарувачка за погребни места, беа изградени подземни мавзолеи или катакомби, каде што семејствата можеа да ги положат посмртните останки на своите најблиски.

Посебна скала им овозможува на посетителите да се спуштат во подземниот лавиринт.