Претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, одлучија да не одговараат на прашања од новинарите по средбата во Алјаска, бидејќи дадоа обемни изјави, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
На прашањето зошто очекуваната прес-конференција на крајот се одржа во формат на изјави на лидерите, тој одговори: „Беа дадени сеопфатни изјави“, пренесува ТАСС.
Песков додаде дека „разговорот беше навистина многу позитивен“, што, како што изјави, „Путин и Трамп го потврдија“.
„Ова е вид разговор што ни овозможува цврсто да тргнеме по патот на заедничко барање опции за мирно решение“, рече Песков.
Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп се одржа вчера во воената база Елмендорф-Ричардсон во Алјаска и траеше околу три часа.