Од денес училишниот прибор со нови намалени цени од 10 и 15 проценти

Сподели со своите пријатели

Од денес, 15 август, започнува владината кампања „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, со која цените на училишниот прибор ќе бидат намалени за 10 до 15 проценти.

Loading...

Мерката ќе трае до 15 септември и има цел да спречи енормно зголемување на цените пред почетокот на новата учебна година и да го растовари семејниот буџет на илјадници граѓани.

Според одлуката донесена на последната владина седница, трговците на големо се задолжени да го намалат училишниот материјал за најмалку 10 проценти, а трговците на мало за најмалку 15 проценти. Намалувањето се пресметува врз основа на цените кои важеле на 1 јуни 2025 година, што ќе биде и базичната цена за споредба.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Македонската Армија доби 29 нови оклопни возила (ФОТО)

Спискот на производи опфатени со мерката вклучува ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала (економични, пластични модели), дрвени и мрсни боици, пластелин, теста за моделирање, подлоги, фломастери и текст маркери, темперни, акрилни и водени бои и четки, линијари и дидактички материјали, острилки и гуми за бришење, детски ножици, футроли и етуи, лепило, шестар, дигитрони, украсна хартија, папки и картонски ташни, како и материјали за изработка и други производи потребни за учениците.

Трговците се должни покрај новата, намалена цена, јасно да ја прикажат и старата цена од 1 јуни 2025 година. Пред влезот во продажниот објект или на друго истакнато место мора да биде поставен плакат од најмалку А3 формат со натписот „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, објавен на веб-страницата на Министерството за економија и труд, како и натпис: „ПОПУСТ НА УЧИЛИШЕН ПРИБОР, од најмалку 15%“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Натпреварот Македонија – Унгарија нема да се игра во Куманово

Владата апелира да не се прават обиди за заобиколување на одлуката, најавувајќи дека Државниот пазарен инспекторат ќе врши редовни теренски контроли. За прекршителите ќе следуваат санкции, бидејќи секоја мерка донесена во интерес на граѓаните мора да се спроведува.

Според анализите, со оваа мерка цените на училишниот прибор ќе се намалат драстично, а за дел од семејствата трошоците би можеле да се преполоват. Владата нагласува дека продолжува со носење конкретни мерки за подобрување на животниот стандард и економската состојба на граѓаните.