13 пожарникари со 5 возила го гаснеле вчера пожарот во населба Карпош

Сподели со своите пријатели

Вкупно 13 пожарникари со пет противпожарни возила го гаснеле пожарот кој вчера избувнал на меснста Никуљски пат во кумановската населба Карпош.

Loading...

Првин почнала да гори сува трева, а на крајот биле пеплосани ниви, автомобил „ауди“, но и една напуштена куќа, информираат од МВР.

Според Регионалниот центар за управување со кризи, интервенцијата на ТППЕ Куманово започнала во 16:25 часот, кога на терен првин изглегле седуммина пожарникари со три противпожарни возила.

Подоцна биле засилени со уште две возила и шест пожарникари. Огнот бил изгаснат дури околу 20:30 часот.

Во раните утрински часови околу 03:40 часот, граѓани повторно се јавиле во ТППЕ Куманово и пријавиле дека едно дрво се уште чади, по што на терен се упатиле повторно двајца пожарникари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Натпреварот Македонија – Унгарија нема да се игра во Куманово

Министерството за внатрешни работи експресно го разреши случајот и приведен 57-годишник кој се сомничи дека го подметнал пожарот.

– На 14.08.2025 во 18.30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(57) од Куманово поради потоење основи на сомнение за сторено кривично дело “предизвикување на општа опасност”, велат од полицијата.

Сепак, тоа не бил единствениот пожар вчера на територијата на Куманово.

Loading...

Пожарникарите денот првин го започнале со интервенција на дивата депонија во населбата Перо Чичо, каде во период од 11:40 до 12:15 интервенирале двајца пожарникари.

Сува трева горела и во атарот на село Романовце. Двајца пожарникари интервенирале во период од 15:50 до 16:30 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Започна асфалтирањето на патниот правец Вак’в – Пчиња (ФОТО)

Петмина пожарникари со две противпожарни возила вчера интервенирале на запалена сува трева кај месната индустрија „Никси“. Интервенцијата траела од 16:04 до 16:30 часот.

Сува трева била запалена вчеравечер покрај пругата во населбата Перо Чичо. Двајца пожарникари интервенирале во период од 21:30 до 22:20 часот.

Две интервенции вчера имале и пожарникари во општината Старо Нагоричане.

Ниска шума, трева и грмушки гореле во атарот на селото Аљинце, при што на терен интервенирале петмина пожарникари, а во гаснењето се вклучиле и локалната полиција и мештаните.

Гаснењето започнале вчеравечер околу 22:45 часот, а траело до рано утринава до 7 часот. Пожарот пеплосал две плевни, а изгорена е и нискостеблеста и багремова шума.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Претежно сончево и температури до 34°C

Пожарникарите во Старо Нагоричане вчера интервенирале и во атарот на селото Челопек каде гореле сува трева и стрниште. Во период од 10:25 до 11:15 часот интервенирале двајца пожарникари.

Loading...

Според информациите од утринава, во моментов нема активни пожари.

Никола Ивановски