Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека администрацијата на Соединетите Американски Држави вложува „искрени напори“ за решавање на конфликтот во Украина.
Тој, исто така, посочи дека Москва и Вашингтон би можеле да постигнат договор за контрола на нуклеарното оружје што би можел да го зајакне мирот, објави Ројтерс.
Путин одржа состанок со високи функционери и претставници на руското раководство пред самитот со американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска во петок.
Дипломатскиот советник на Путин, Јуриј Ушаков, претходно изјави дека двајцата претседатели ќе одржат заедничка прес-конференција на самитот, по приватните состаноци и со делегациите.
Претседателот на Русија одржа состанок со високи функционери и претставници на руското раководство пред самитот со Трамп, објави државната новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.