Хамас изрази подготвеност да се повлече од Газа, а еве што бара од Израел за возврат

Сподели со своите пријатели

Палестинското милитантно движење Хамас изрази подготвеност да ги повлече своите борци од Појасот Газа во замена за повлекување на израелските трупи до договорените точки, објави телевизискиот канал „Ал Арабија“, повикувајќи се на неименувани, добро информирани извори.

Loading...

Во извештајот се наведува дека делегацијата на Хамас во Каиро им ги пренела на египетските медијатори своите предлози за можен договор за прекин на огнот во Појасот Газа.

– Хамас изрази подготвеност да ги повлече своите борци во замена за повлекување на Израел до договорените точки, нагласувајќи ја својата посветеност на зачувување на животите на заложниците – изјавија изворите на телевизискиот канал Ал Арабија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нетанјаху: Израел би можел да ја бомбардира Газа „како сојузниците Дрезден“

Според нив, движењето барало писмен договор со Израел што ќе вклучува меѓународни гаранции дека плановите на Израел за окупирање на Газа ќе завршат и дека воените дејствија нема да продолжат, пренесува руската новинска агенција ТАСС.

Изворите, исто така, рекоа дека Египет развива план за сеопфатен мировен договор за Појасот Газа што треба да се спроведе до крајот на август.

Египетскиот телевизиски канал „Ал-Кахир ал-Ихбарија“ денес објави, повикувајќи се на свои извори, дека делегација на Хамас се сретнала во Каиро со шефот на египетската разузнавачка служба, Хасан Рашид, и изразила интерес за брзо враќање на преговорите за прекин на огнот и примирје.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  FP: Следната израелско-иранска војна доаѓа, може да биде „покрвава“

Според овој извор, на состаноците во Каиро се разговара за начините за постигнување привремен договор за прекин на огнот во период од 60 дена.

Делегација на Хамас предводена од лидерот на движењето во Појасот Газа, Калил ал-Хаја, пристигна во Каиро во вторник на покана од египетската страна.

Loading...

Истиот ден, египетскиот министер за надворешни работи Бадр Абдел Ати изјави дека Каиро, во координација со Доха и Вашингтон, кои дејствуваат како посредници меѓу палестинското движење Хамас и Израел, работи на тоа конфликтните страни да се вратат на предложеното 60-дневно примирје во Појасот Газа.