Четиринаесетгодишник од Куманово доби кривична пријава под сомнение дека извршил шест „тешки кражби“ од приватни имоти.
Loading...
– Секторот за внатрешни работи Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против 14-годишник од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил шест кривични дела „тешка кражба“ по член 236 и „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој се сомничи дека со употреба на сила влегол во неколку приватни имоти во Куманово и одзел пари и предмети.
Никола Ивановски