Четири интервенции бележат кумановските пожарникари во изминатото деноноќие на територијата на општините Куманово и Липково.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, првата интервенција била во населбата Тоде Мендол. Таму горела сува трева, при што тројца пожарникари интервенирале во период од 09:40 до 13:00 часот.
Сува трева горела и во атарот на липковско Оризаре. Троца пожарникари интервенирале во период од 13:00 до 16:30 часот.
Во селото Табановце во близина на железничкиот премин гореле сува трева, трска, грмушки и ниско-стеблеста шума. Интервенирале девет пожарникари со три противпожарни возила во период од 19:25 до 00:15 часот.
Четвртата интервенција била во доцните часови во атарот на селото Никуштак, каде гореле суват рева и нискостеблести растенија. Четворица пожарникари интервенирале од 00:30 до 01:50 часот.
Никола Ивановски