Неколку лица се повредени во сообраќајка што претпладнево се случила на регионалниот пат Куманово – Свети Николе.
Loading...
– На 11.08.2025 година во 11.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионален пат Куманово- Свети Николе се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “ауди” со бугарски регистарски ознаки и патничко моторно возило “фиат” со кумановски регистарски ознаки, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Во незгодата, како што додаваат од полицијата, биле повредени повеќе лица.
Повеќе детали од полицијата најавуваат по завршување на увидот, кој е во тек, поради што и дел од магистралата беше затворен за сообраќај.
Никола Ивановски