Три казни биле изречени викендов при контрола на угостителски објект на подрачјето на Куманово, информираат денеска од полицијата.
– Врз основа на претходно изготвен план, во периодот од 22.30 до 03.00 часот на 09/10.08.2025, полициски службеници од СВР Куманово во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд извршија контрола на угостителски објект на подрачјето на СВР Куманово, велат од кумановската полиција.
Како што се додава, при контролата, извршено е легитимирање на 7 лица, а изречени се три казни.
– Од страна на Државниот пазарен инспекторат изречени се три глоби на правни и физички лица кои работеле спротивно на одредбите од Законот за угостителство и од страна на Државниот инспекторат за труд изречени се две глоби, стои во соопштението.
Никола Ивановски