Четири интервенции имале во изминатото деноноќие кумановските пожарникари, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.
Првата интервенција била на опожарена сува трева и стрниште во атарот на селото Романовце. Во период од 11:20 до 12:20 часот интервенирале петмина пожарникари со две противпожарни возила.
Пожар вчера имало и кај месноста Пчински пат, каде горела сува трева. Четворица пожарникари интервенирале во период од 12:20 до 13:25 часот.
Запален смет горел спроти булеварот „Октомвриска револуција“, под Спомен Костурница. Интервенирале тројца пожарникари во период од 22:14 до 23 часот.
Во атарот на селото Речица горела запалена сува трева. Во период од 22:00 до 22:44 часот интервенирале тројца пожарникари.
ТППЕ Старо Нагоричане вчера немале интервенции.
Никола Ивановски