Денес, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги претстави петте клучни приоритети на Министерството за одбрана, меѓу кои се зголемување на учеството на домашно оружје на фронтот, дигитализација, намалување на бирократијата, како и решавање на кадровските прашања во вооружените сили на Украина.
– Во Сумискиот регион, денес беше доставен извештајот на министерот за одбрана Денис Шмихаљ за обновување на тоа министерство. Првиот приоритет се однесува на максималниот број нарачки за украинските производители, така што 50 проценти од оружјето на фронтот да биде од наше производство – нагласи Зеленски во видео обраќање.
Тој, исто така, ја нагласи потребата од развој на дигитални услуги и сите системи, вклучително и Делта.
Според Зеленски, потребно е и намалување на бирократијата и воспоставување јасна комуникација со бригадите и единиците во врска со нивните потреби.
– На петтото место е цел комплекс прашања поврзани со персоналот. Сите го знаеме овој проблем. Министерството за одбрана, заедно со армијата, мора да го реши – рече тој, објави Укринформ.
За време на посетата на Сумската област, претседателот на Украина се сретна со врховниот командант на армијата, Олександр Сирски, министерот за одбрана Шмихали и командантот на воздухопловните сили Олех Апостол.
На годишнината од почетокот на операцијата во Курската област, Зеленски се сретна и со војниците на 225-от јуришен полк во Сум, објави украинската агенција.