Општина Куманово ги известува граѓаните дека утре (5 август 2025 година), во раните утрински часови, ќе се реализира второ авионско прскање против возрасна форма на комарци.
Прскањето ќе се одвива во период од 04:00 до 10:00 часот, а ќе опфати површина од 1270 хектари.
Локациите вклучуваат: течението на реките Кумановка, Липковка и Којнарка, месните заедници Бабин Дол, Гоце Делчев и Тоде Мендол, централното градско подрачје, како и прочистителната станица на ЈП „Водовод“ во село Добрашане.
За третманот ќе се користи препаратот Aqua K-Othrine 2 EW, кој се применува во вакви случаи за уништување на возрасните форми на комарци.
Од Општината апелираат до пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите за време на прскањето.
Доколку временските услови не го дозволат третманот, тој ќе биде одложен и ќе се изврши во првиот нареден ден со поволни временски услови.
Никола Ивановски