Неделна прогноза за Куманово: Два метео аларми за денеска

Сподели со своите пријатели

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денеска на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Процесите ќе бидат поинтензивни особено во текот утрешниот ден кога локално ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15л/м2), силен ветер (над 60км/ч) и изолирана појава на град.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со услови за дожд и грмотевици.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 17 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 27 степени целзиусови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата

Од страна на УХМР за регионот на Куманово се издадени две жолти метео предупредувања, за опасност од невреме со грмотевици и за опасност од обилен дожд.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме повторно облачно време со услови за нестабилност со дожд и грмотевици. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 15 до максимални 25 степени целзиусови.

Во среда ќе имаме сончево време. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 16 степени, а дневниот максумум ќе достигне 29 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Финализираат преговорите меѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ за заеднички кандидати (ВИДЕО)

Четврток носи претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерено засилен северен ветер, а температурата ќе се движи од 14 степени во утринските часови до максимални 30 во текот на денот.

 

Loading...

 

Сончево и многу топло време ќе имаме во петок кога ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец. Утринската температра ќе се движи околу 14 степени, а максималната се очекува да се искачи до 33 степени целзиусови.

Во сабота ќе имаме сончево и многу топло време. Ќе дува со слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Температурата ќе се движи во интервал од минимални 15 до максимални 35 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ОЈО Куманово ги бара снимките од Спортската сала, полицијата повикува лица на разговор

Недела повторно ги враќа горештините. Ќе имаме сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерен вете од југозападен правец, а температурите ќе се движат од минимални 15 до максимални 37 степени целзиусови.

 

 

Loading...

Топлото време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски