СТРАВИЧНИ СНИМКИ: Ова е чудовиште од земјотрес (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На социјалните мрежи беа објавени застрашувачки снимки од разорниот земјотрес со магнитуда од 8,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди крајниот исток на Русија.

Loading...

„Мегаземјотресот“ или „чудовиште-земјотрес“, како што беше наречен на социјалните мрежи, го погоди градот Петропавловск на Камчатка, од каде што потекнуваат снимките.

 

 

На нив јасно може да се види како се движат автомобили, како удираат пешаци, како се тресат зградите додека луѓето панично излегуваат од своите домови.

По земјотресот, неколку луѓе побарале медицинска помош, објави Олег Мелников, регионалниот министер за здравство, според руската државна новинска агенција Тасс.

Руската академија на науките објави дека тоа е најсилниот земјотрес во регионот од 1952 година.

Loading...

 

 

Камчатка и рускиот Далечен Исток се наоѓаат на Тихоокеанскиот Огнен Прстен, геолошки активно подрачје познато по силни земјотреси и вулкански ерупции.

Се појави и видео, за кое се тврди дека е снимено во болницата, на кое се гледа како лекарите остануваат смирени за време на земјотресот и не ја прекинуваат операцијата.