Советот на Општина Куманово утре ќе ја одржи својата 60. седница

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово утре од 10 часот во зградата на поранешен Комитет ќе ја одржи својата 60. седница на чиј дневен ред ќе се најдат вкупно 10 точки.

Loading...

На претстојната седница ќе се расправа по низа важни точки од интерес за граѓаните и локалната самоуправа, меѓу кои доминираат измени на развојните програми и буџетски планови за 2025 година.

На дневен ред се предлози за изменување и дополнување на планот на програми за развој, уредување на градежно земјиште и комунална инфраструктура, како и распределба на средства за социјална и детска заштита.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како да се однесуваат граѓаните при пожар и како да им помогнат на пожарникарите? (ВИДЕО)

Советниците ќе одлучуваат и за зголемување на основната главнина на ЈП „Пазаришта“, донесување нов урбанистички план, исплата на еднократна парична помош, прифаќање донација, како и за промени во составите на општинските комисии и штабови за заштита и спасување.

Целиот дневен ред во продолжение:

1. Предлог – Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2025 година;

2. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2025 година;

3. Предлог – Одлука за распределба на финансиски средства наменети за организирање на превентивни мерки и активности од областа на социјалната и детската заштита за 2025 година;

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Изгаснат пожарот во Бељаковце, во Димонце изгореа неколку куќи

4. Предлог – Одлука за зголемување на основната главнина на Јавното претпријатие „Пазаришта‘‘ – Куманово;

5. Предлог – Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Куманово за 2025 година;

6. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од УЕ „1“, дел од УБ 23-б, плански опфат помеѓу граница на УЕ, регионален пат Р1204, ул. „3-та МУБ“, граница на наменска зона по ГУП – Општина Куманово;

7. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2025 година;

8. Предлог – Одлука за прифаќање на донација;

9. Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за формирање на Комисија за процена и утврдување на висината на штетата од природни непогоди и други несреќи на подрачјето на Општина Куманово;

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стефан од Куманово го започна пешадискиот марш до Крушево за Илинден (ВИДЕО)

10. Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за именување на членови на Штаб за заштита и спасување во Општина Куманово.

Никола Ивановски

Loading...