23-годишен кумановец возел пијан, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Дваесет и тригодишен кумановец ноќва бил приведен откако полицијата констатирала дека возел под дејство на алкохол.

Loading...

– Денеска (27.07.2025) во 03.50 часот во Куманово, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Т.(23) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,64 промили алкохол во крвта.

– Тој биле исклучени од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Горат повеќе кумановски села, Ангелов повика граѓаните да изорат околу своите имоти

Никола Ивановски