Шпанија и Турција со златни медали од ЕМОФ во Куманово (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Женската репрезентација на Шпанија и машката на Турција освоија златни медали од Младинската олимпијада (ЕМОФ) која неделава се одржуваше во Куманово.

 

 

Шпанките денеска во последниот натпревар од Олимпијадата го совладаа составот на Франција со 69:38 и се закитија со злато.

 

 

Со тоа Франција освои сребрени медали, додека третото место и бронзен медал освои репрезентацијата на Германија која денеска ја совлада Белгија со 75:63.

 

 

Во машка конкуренција злато освои репрезентацијата на Турција, која ја совлада екипата на Франција, која пак замина од Куманово со сребрен медал.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Сончево и топло со свежи утра

 

 

Бронза во машка конкуренција освои репрезентацијата на Литванија која ја совлада Србија.

 

 

Македонија денеска загуби во натпреварите за 7 место. Мажите претрпеа пораз од Латвија со 75:50, а девојките од Унгарија со 90:44.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски