Три куќи изгореле вчера во пожар во Ругинце, вкупно 11 пожари низ кумановско

Сподели со своите пријатели

Вкупно девет пожари изгаснале вчера кумановските пожарникари, а два нивните колеги од Општина Старо Нагоричане.

Loading...

Најсериозен бил во атарот на селото Ругинце каде изгореле три куќи и плевна. Пожарот зафатил сува трева, грмушки, мешана ниска шума, а уништена била површина од околу 150 хектари. На терен интервенирале девет пожарникари со три противпожарни возила во период од 16:10 до 02:45 часот, како и мештани од селото.

Пожарникарите од Старо Нагоричане доцна синоќа интервенирале и на запалена „Лада нива“ во селото Аљинце.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, првата интервенција била на запалена сува трева во атарот на селото Романовце. Тројца пожарникари интервенирале во период од 12:15 до 14:42 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шпанија и Турција со златни медали од ЕМОФ во Куманово (ГАЛЕРИЈА)

Во атарот на селото Никушта горела сува трева, исто како и во месноста Ристово трло, каде интервенцијата започнала вчера во 17:30 часот, и според РЦУК, рано утринава се уште се гасне.

Сува трева горела на уште една локација во селото Романовце. Околу 17:35 часот на терен излегле тројца пожарникари, и рано утринава уште биле на терен бидејќи пожарот бил активен.

Пожарникарите имале и повик за запален автомобил на автопатот Куманово – Скопје, но не интервенирале оти возилото само било прегреано, а не и запалено.

Сува трева горела и во месноста Ристово трло, на уште една локацијата во Романовце, во Пчиња, додека помош пружиле и во селото Ругинце.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шпанија и Турција со златни медали од ЕМОФ во Куманово (ГАЛЕРИЈА)

Никола Ивановски