Дваесет и седумгодишник од Куманово ноќва предизвикал пожар со молотов коктел, а полицијата утврдила дека имал 2,40 промили алкохол.
– Денеска (20.07.) во СВР Куманово во 02,10 часот е пријавено дека машко лице, во видно алкохолизирана состојба со молотов коктел запалил сува трева на влезот во населбата Средорек и предизвикал пожар на отворено, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, од страна на полициски службеници излезено е на лице место при што затекнато е лицето С. С. (27) од Куманово, кое што е посочено од очевидец, и истиот е лишен од слобода во ПС Куманово.
– При проверка ка С.С., меѓу другото било утврдено дека има 2,40 промили алкохол во крвта, додаваат од МВР.
СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Никола Ивановски