Движењето ЗНАМ – Теренската офанзива продолжува: Заедно со граѓаните го креираме локалниот развој!

Сподели со своите пријатели

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија успешно ги реализираше двете теренски кампањи во рамки на иницијативата „Заедно повеќе знаеме“, со што оствари директните средби со граѓаните, членовите и симпатизерите низ целата држава.

Loading...

Од денес, започна и третата фаза од теренските активности, анкета со граѓаните под мотото „Заедно со граѓаните – го креираме локалниот развој!“

 

 

Со оваа теренска офанзива, Движењето ЗНАМ уште еднаш ја потврдува својата посветеност на дијалог со народот. Членовите и симпатизерите на партијата се присутни на улиците, плоштадите, пазарите, парковите, во сите градови и села низ Македонија, со цел креирање на најавтентичната, најчесната и најреалната програма за претстојните локални избори, базирана на реални потреби и предлози од самите граѓани.

„Ова не значи само присуство. Ова значи заедничко создавање. Ние не водиме кампањи од фотелја, туку директно од терен. Ќе бидеме присутни во секој град, секое населено место, секоја месна заедница, заедно со граѓаните, ќе ја напишеме нашата програма.

 

Loading...

 

Тоа е нашата сила – автентичноста, транспарентноста и блискоста со народот“, – истакнаа од Центарот за комуникации на Движењето ЗНАМ.

Граѓаните веќе го препознаваат искрениот пристап на ЗНАМ што го означува крајот на празните ветувања и маркетиншките балони.

„Ние не ветуваме што не можеме да оствариме. Што ќе ветиме – тоа ќе го реализираме! Затоа што нашата политика не се темели на желби на моќници, туку на реални потреби на народот.“

 

 

Loading...

Движењето ЗНАМ веќе покажува резултати, не со зборови, туку со дела. Покажа дека може да се води поинаку, чесно, праведно и храбро.

На претстојните локални избори оваа есен, граѓаните ќе имаат вистински избор – да го поддржат искрениот, транспарентен и решителен пристап кон промени што доаѓаат од теренот, а не од елитите.

Од Центарот за комуникации на ЗНАМ порачуваат дека Македонија која Движењето ја гради е држава во која законите важат за сите, каде што секој граѓанин има и право и одговорност, и каде политиката служи на народот, а не обратно.

 

 

Затоа ЗНАМ продолжува, со теренски активности, со вистинска комуникација и со учество на секој граѓанин.

ЗАЕДНО СО ГРАЃАНИТЕ – ГО КРЕИРА ЛОКАЛНИОТ РАЗВОЈ!

Loading...

Интегрално соопштение / ПР текст