Мотоциклист од Куманово тешко повреден при судар со „ауди“

Сподели со своите пријатели

Триесет и едногодишен мотоциклист од Куманово се здобил со тешки повреди при судир со „ауди“ управувано од 22-годишник.

Loading...

– На 18.07.2025 година околу 17.40 часот во СВР Куманово е пријавено дека на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Ауди“ со германски национални регистарски ознаки управувано од Е.Р.(22) од Куманово и мопед со кумановски регистарски ознаки управувано од В.Ј.(31) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од полицијата, В.Ј. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со молотов коктел предизвикал пожар. Имал 2,4 промили алкохол

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски