Над илјада пожарникари се борат со шумски пожари во Франција

Сподели со своите пријатели

Речиси 1.000 пожарникари и повеќе хеликоптери се борат со голем шумски пожар северозападно од Марсеј, но пониските температури и зголемената влажност ја ублажија ситуацијата, соопштија француските власти.

Loading...

Пожарот зафати околу 240 хектари земјиште во близина на градот Мартиг, на 40 километри од Марсеј, објави Ројтерс.

150 луѓе беа евакуирани, а пожарникарите успеаја да заштитат 150 куќи и делови од шумите во погодената област.

„Пожарот се прошири низ густа вегетација, што го отежна гаснењето“, рече заменик-директорот на противпожарната служба, Пјер Бепоа.

Тој додаде дека приоритет е заштитата на човечките животи и имотот.

Локалните власти наведуваат дека пожарот им се закани на вкупно 120 куќи, додека штетата сè уште се проценува.

Двајца пожарникари беа повредени за време на интервенцијата.

Во исто време, во централна Шпанија, во покраината Толедо, пожарникарите се борат со голем пожар што избувна во четвртокот навечер и до утрово изгоре околу 3.200 хектари шума.

Loading...

Чадот од пожарот беше видлив од центарот на Мадрид.

Регионалните служби за итни случаи објавија дека високата температура и силниот ветер се уште се предизвик за пожарникарите на терен, пренесува Танјуг.