Куманово подготвено за Европската младинска олимпијада (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Куманово е еден од двата македонски града што ќе бидат домаќини на Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, кој ќе се одржи од 20 до 26 јули.

Loading...

Претставници на општината и организаторите денеска информираа дека се направени сите подготовки за успешна реализација на натпреварите и пречек на илјадници спортисти од цела Европа.

„Градот Куманово со голема чест и задоволство ја најавува својата улога како еден од двата македонски града домаќини на Европскиот младински фестивал ЕМОФ Скопје 2025 година. Најголемиот мултикултурен и мултиспортски настан некогаш одржан од осамостојувањето на Република Македонија,“ изјави Александар Крстевски, раководител на Секторот за култура и спорт при Општина Куманово.

 

 

Според Крстевски, Куманово ќе пречека околу 590 спортисти од над 48 држави, кои ќе се натпреваруваат во 15 спортски дисциплини.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Патот Од Св. Петка до ГП Пелинце ќе биде затворан поради одржување трки

Во градот ќе се одржат натпреварите во женска и машка кошарка, планински велосипедизам, хронометар трка и друмска трка.

Loading...

„Како што можете сами да видите градските капацитети ги усовршивме за да бидеме добри домаќини на оваа манифестација,“ рече тој, додавајќи дека во изминатите неколку месеци општината вложила значителни напори во техничко уредување на спортските објекти, обука на над 500 волонтери и обезбедување на целосна логистика.

„Куманово исто така ќе биде и центар на најголемиот волонтерски ангажман во историјата на нашиот град каде младите активно ќе се вклучат во промоција на нашито град и одржување на сите спортски манифестации“, изјави Крстевски.

 

 

Натпреварите во Куманово започнуваат на 21 јули со кошаркарски натпревари во спортските сали, а следниот ден, на 22 јули, ќе се одржи хронометар трка со почеток од 10:00 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  54-годишен кумановец натепан во центарот на градот

Во наредните денови ќе следат и трките во планински велосипедизам и друмски велосипедизам, како и натпреварите на нашите репрезентации.

„Ги повикуваме сите наши сограѓани да присуствуваат бидејќи сите натпревари се од слободен карактер, нема да има влезници затоа што сакаме да покажеме дека сме град кој излегува во пресрет на сите граѓани и љубители на спортот и да покажеме дека знаеме да бидеме одлични домаќини,“ порача Крстевски.

Loading...

Членката на Извршниот комитет на ЕМОФ, Лини Рут Халдорсдотирие, изрази задоволство од напредокот кој е направен во Куманово за релативно краток период.

„Дојдовме тука да ги разгледаме салите и сместувањето за спортистите, бев тука пред неколку месеци и морам да кажам дека промените и напредокот направени за овој краток временски период се извонредни. Сигурна сум дека сите спортисти и претставници кои ќе бидат тука ќе бидат задоволни што се сместени во Куманово и сигурна сум дека градот ќе ги пречека младите спортисти кои ќе се натпреваруваат и во планински велосипедизам и кошарка и останатите спортови. Го чекаме официјалното отворање со нетрпение, но ништо помалку и стартот на натпреварите, тоа е големиот тест. Бев во големата Спортска сала – извонредна е“, рече таа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куќа изгоре во пожар во населба Карпош, 5 пожари вчера низ Куманово

 

 

Официјалното отворање на фестивалот ќе се одржи во Скопје, во салата „Јане Сандански“, по што натпреварите ќе продолжат во Куманово, Скопје и Осијек, Хрватска.

Организаторите очекуваат повеќе од 4.000 спортисти од над 50 европски земји, а Куманово има амбиција да се претстави како достоен домаќин и да ја засили својата улога на спортска и културна престолнина.

Никола Ивановски

Loading...