Четири лица загинаа во поплавите во Јужна Кореја

Сподели со своите пријатели

Најмалку четири лица ги загубија животите, а едно лице е исчезнато, во поплавите во централниот и западниот дел на Јужна Кореја предизвикани од неколкудневните обилни дождови, објави денес новинската агенција Јонхап.

Loading...

Според истиот извор, 5.000 луѓе се евакуирани, а околу 270 куќи и 500 јавни згради се оштетени во поплавите. Агенцијата известува дека насипите попуштиле и дека патиштата се поплавени.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што е хронична венска инсуфициенција, нарушување кое му беше дијагностицирано на Доналд Трамп?

Се предвидуваат уште обилни врнежи од дожд

За денес, Метеоролошката служба (KMA) најави уште пообилни врнежи од дожд во централниот и западниот дел на земјата.

Според KMA, објавува Korea Times, градот Сеосан, во источната покраина Јужен Чунгчеонг, примил повеќе од 400 мм дожд на квадратен метар во првата половина од денот.

Korea Times, повикувајќи се на владината агенција, ја опиша поплавата како катастрофа што се случува еднаш во еден век.

Loading...