Патот Од Св. Петка до ГП Пелинце ќе биде затворан поради одржување трки

Сподели со своите пријатели

Поради одржување на велосипедски трки во рамките на Европската младинска олимпијада патот кон Граничниот премин Пелинце следната недела ќе биде привремено затворан.

Loading...

Како што информираат од Општина Старо Нагоричане, согласно дописот од Секторот за внатрешни работи Куманово регионалниот пат Куманово граничен премин Пелинце потегот од село Младо Нагоричане место викано Света Петка до Меморијален центар АСНОМ во село Пелинце во деновите 21,22,23 и 24-ти Јули 2025 година ќе се одржат велосипедски трки.

– За таа цел ве известуваме дека од страна на полициски службеници од СВР Куманово ќе бидат превземени мерки активности за безбедно одржување на велосипедските трки со повремено запирање на сообраќај на возила, мопеди, велосипеди, пешаци и движење на добиток како и отстранување на паркирани возила покрај регионалниот пат Куманово према граничен премин Пелинце, стои во дописот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетник од Куманово нападнат од негов врсник

Распоредот на изменетиот сообраќаен режим е со следниот план:

– На 21.07.2025 година во време од 08,00 до 14,00 часот ќе биде запрен сообраќајот на регионален пат Куманово граничен премин Пелице на потег од раскрсница за село Драгоманце до Меморијален центар АСНОМ во с.Пелинце.

– На 22.07.2025 година во време од 08,00 до 16,00 часот ќе биде запрен сообраќајот на регионален пат Куманово граничен премин Пелице на потег од раскрсница за село Драгоманце до Меморијален центар АСНОМ во с.Пелинце.

– На 23.07.2025 година во време од 09,00 до 14,00 часот ќе биде запрен сообраќајот на регионален пат Куманово граничен премин Пелице на потег од место викано Света Петка до Меморијален центар АСНОМ во с.Пелинце.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово подготвено за Европската младинска олимпијада (ВИДЕО)

– На 24.07.2025 година во време од 09,00 до 14,00 часот ќе биде запрен сообраќајот на регионален пат Куманово граничен премин Пелице на потег од место викано Света Петка до Меморијален центар АСНОМ во с.Пелинце.

Loading...

Никола Ивановски