Низа пожари низ кумановско, затворен и автопатот Скопје – Куманово

Сподели со своите пријатели

Низа пожари попладнево избувнаа на територијата на кумановско, а затворен е и автопатот Скопје – Куманово.

Loading...

– Поради ветер кој го зафати подрчјето на Општина Куманово и Град Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари. Во Општина Куманово  и Општина Старо Нагоричане се пријавени пожари во с.Романовце, Агино Село, Табановце, Шупњи Камен, Младо Нагоричане, Стрновац. Во Скопскиот регион се пријавени пожари помеѓу Индустриска Зона Бунарџик и рафинерија Окта, информираат од Центарот за управување со кризи.

Поради сообраќајна несреќа, сообраќајот на автопатот Скопје – Куманово и Куманово – Скопје е во прекин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се гради гасоводна мрежа во индустриската зона во Доброшане (ФОТО)

– Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци. Возилата се пренасочуваат кон Петровец. Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот, за што сооодветно ќе известиме, велат од МВР.

Никола Ивановски